По повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, Здружението за Македонско – Бугарско пријателство, втора година по ред распишува награден уметнички и литературен конкурс на тема:
„Солунските браќа сонце на словенските народи“.
Ракописите во форма на поезија или проза да се испратат по електронска пошта: konkurs@mbp.com.mk, а уметничките дела да се достават најдоцна до 20.05.2016 год.во просториите на здружението.
Ги повикуваме сите ученици од основните и средни училишта, како и сите заинтересирани да земат учество.
Изборот за најдобро дело на темата ќе се одржи на 24.05.2016 год. во Кичево, ресторан Куќа на уметноста, во 14.00 часот, а здружението ќе додели три награди за најдобрите дела и тоа:
- Првата за најдобар текст е таблет,
- за второ место мобилен телефон и
- трето место дигитален фотоапарат.
Со почит,
Македонко-Бугарско Пријателство