На 04.12.2015 година во просториите на Здружението Македонско Бугарско Пријателство „Максим Костов“ во Кичево се одржа работна средба на која присуствуваа пратениците од Собранието на Република Бугарија Красимир Богданов и Јулиан Ангелов, Претседателот на Државната агенција за бугарите во светот, Борис Вангелов, и претседателот од здружение БК Патриот, Петар Харалампиев.
На средбата се разговараше за остварување на соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и остварување на повеќе заеднички проекти во интерес на сите граѓани.
Гостите од Бугарија заедно со претставници од Здружението ја посетија градската црква „Свети Петар и Павле“, каде остварија контакт со дел од верниците кои присуствуваа таму.
Членовите на Здружението им се заблагодарија на гостите од Бугарија за остварената работна средба, со надеж за продлабочување на соработката во иднина.