Со песни, знамиња и панихида во црквата Св. Димитрија неколку стотици граѓани ја одбележаа 88 годишнината од смртта на историска личност Мара Бунева и нејзиното дело. Говорејќи за делата меѓу другото се упатија и политички пораки. Велат личностите од историјата не треба да влијаат врз односите на двете земји бидејќи тука не гледаат спор.
“Денес во Р.Македонија има луѓе кои себе си се нарекуваат Македонци. И ние го почитуваме тоа. Ние ќе го браниме нивното право да се нарекуваат онака како што сакаат. Ние со нив спор немаме. Нашите спорови се други. Нашите спорови се на северот од Македонија, на запад од Македонија нашите спорови се на југот од Македонија. Ние во Македонија и со Македонија спор немаме. Да не говориме дека веројатно три четвртини од луѓето кои се тука се со пасоши од Р.Бугарија и имаат свои корени од денешната Р.Македонија. Да не говориме дека најголемиот македонски град во никој случај не е Скопје најголем македонски град е Софија”, додаде европратеникот Ангел Џамбазки.
На одбележувањето на годишнината покрај тоа што присуствуваа бугарски државјани и нивни претставници во земјава, почит на Бунева дојде да и оддаде и како што се претстави правнука на Кузман Шапкарев.