Успешно оддржан фестивалот на бугарскиот фолклор, традиција и култура во Охрид (фото)

На ден 29.06.2017 и 30.06.2017 година во гр.Охрид се оддржа фестивалот ,, ДЕНОВИ НА ПРЕСТАВУВАЊЕ НА БУГАРСКИОТ ФОЛКЛОР,ТРАДИЦИЈА И КУЛТУРА ВО ОХРИД 2017 г. ,, во организација на здружението за Македонско Бугарско Пријателство Охрид, здружението за култура и уметност „ АРТ ВИВЕНДИ“ Македонија како и Фондацијата “Жар-С”од Р. Бугарија, со поддршка од Бугарскиот Културен Центар во Македонија и Нов Бугарски Универзитет.

На свеченото отварање присуствуваа високи преставници кои ја претставуваат Република Бугарија во Република Македонија, генералниот конзул во гр.Битола г-дин. Теодор Русинов, културното аташе на Република Бугарија во Република Македонија г-ца. Антонија Велева, секретарот на Државната Агенција на Бугарите во Странство ( ДАБЧ ) г-дин. Красимир Томов како и претседателот на Здружението за Македонско Бугарско Пријателство г-дин. Петар Колев. Исто така гостин на фестивалот беше заменик градоначалникот на гр.Охрид г-дин Ангел Јанев кој воедно и оддржа пригоден говор пред присутните гости и учесниците во фестивалот, а исто така пригодни говори оддржаа генералниот конзул во гр.Битола г-дин. Теодор Русинов како и секретарот на МБП Охрид г-дин.  Крсте Ристески.

Секретарот на ДАБЧ г-дин. Красимир Томов од име на претседателот на Државната Агенција за Бугарите од Странство ( ДАБЧ ) г-дин. Петар Харалампиев достави поздравително писмо до организаторите и учестниците во фестивалот ДЕНОВИ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БУГАРСКИОТ ФОЛКЛОР,ТРАДИЦИЈА И КУЛТУРА ВО ОХРИД 2017 г. ,, Во писмото претседателот на ДАБЧ г-дин. Петар Харалампиев ја изрази својата голема радост за претставувањето на народниот фолклор од ансамбли во Република Македонија и од многу градови на Бугарија и изрази убеденост дека иницијативата ќе допринесе за комуникацијата како и за развивањето на добрососедските односи при тоа потенцирајќи дека магијата на бугарската песна и танц има многубројни почитувачи од целиот свет.

Претседателот на ДАБЧ г-дин.Петар Харалампиев со огромна чест ги поздрави домаќините во лицето на здржението за Македонско Бугарско Пријателство Охрид, како и за здржението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ Македонија и Фондацијата ЖАР-С од Бугарија за одличната соработка и реализиција на настанот и притоа изрази желба фестивалот да прерасне во традиција која ќе собира и зближува се повеќе луѓе во наредните години што идаат.

Секретарот на огранокот на МБП ОХРИД г-дин. Крсте Ристески од име на раководството на МБП ОХРИД додели благодарници и подароци до раководителите на Танцовиот Клуб „ ЗАИГРАЈ “ с. Блгарене општина Левски,, г-ѓа Вања Ватева, Танцов Состав „ Луди млади “ с.Ценово, област Русе г-ѓа. Камелија Бојкова како и до организаторите Ѓоко Алоски и г-ѓа Станислава Стојанова. Во прилог ви претставуваме дел од атмосферата преку слики.

Учесници во Деновите на бугарската култура:

1.Ансамбал Фолклористи град Охрид

2. Северняшки ансамбъл „Иван Вълев“ град Плевен

3. Хор за македонски песни при НЧ „Парашкев Цветков“ – Плевен

4. Певчески състав към съюза на слепите „Феникс“ – София

5. Певчески състав към съюза на слепите „Веселите момчета“ – София

6. Фолклорен танцов клуб “ВАЯ” – Бургас

7. Детски танцов състав към НЧ “Просвета-1940” село Рупите

8. Младежки танцов състав към НЧ “Просвета-1940” село Рупите

9. Певческа група “Сезони” – Своге

10. ТС “Луди млади” село Ценово, община Русе

11.МВГ „Вежен“ при НЧ „Съгласие“ гр. Тетевен

12.Женски танцов състав „Чернивитска магия“ село Черни вит, обл. Ловеч

13.ДТС „Пъстроцвет“ при НЧ „Съгласие“ гр. Тетевен

 

 

You May Also Like