На 26 март (недела) 2017 година во Република Бугарија ќе се оддржат предвремени парламентарни избори. Бугарскиот народ ќе го бира составот на 44-то Народно собрание, кое од своја страна ќе ја изгласа и новата бугарска Влада. Датумот на изборите е утврден со указ на претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев. Учество на изборите можат да земат сите бугарски државјани без разлика дали живеат во Бугарија или во странство. Во Македонија изборни секции ќе има во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и во Конзуларното претставништво во Битола.
Гласањето на изборите е законска обврска за сите државјани на Р. Бугарија.
Според Членот. 3. (1) (Измена објавена во Државен Весник, бр. 39 од 2016 г., стапува во сила од 26.05.2016 г.) од Изборниот кодекс на Република Бугарија: „Изборите се одржуваат врз основ на општо, еднакво и преко гласачко право со тајно гласање и обезбедуваат, слободно изразување на волјата на гласачите. Гласањето е задължително, се извршува лично од гласачот и претставува исполнување на неговиот граѓански долг“.