МБП ОХРИД СО ИЗЛОЖБА „МОСТОВИ НА ДУХОТ“ ВО ЧЕСТ НА СВ. НАУМ ОХРИДСКИ

Почитувани, здружението за Македонско -Бугарско пријателство ја има честа да ги покани уметниците од Република Бугарија г-дин. Владимир Запрјанов, г-дин. Румен Статков, г-дин. Христо Габеров за учество во општата изложба живопис „ МОСТОВИ НА ДУХОТ“ во град Охрид, Република Македонија.

Во изложбата ќе учествуваат уметниците од Република Македонија  г-дин. Саша Петкоски и г-дин.Саша Попоски, раководител на АРТ ГАЛЕРИЈА „ЕМАНУЕЛА “ г. Охрид.

Откривањето на изложбата ќе биде денот на Св. Наум Охридски во комплексот на манастирот  Св. Наум Охридски, 03.07.2017 год. со почеток во 14:00 часот.

Мотото на изложбата „ МОСТОВИ НА ДУХОТ“ е во чест на големиот светец Св. Наум Охридски со цел да ја прикаже идејата на комуникација преку универзалниот јазик на уметноста помеѓу творците од Република Македонија и Република Бугарија.

You May Also Like