Сарафов Обединителот

Борис Петров Сарафов е една од најмаркантните личности во револуционерното дело на народот од Македонија и Одринско. Роден е на 12 јуни 1872 година во с. Либјахово (Неврокопско) (денес с. Илинден, Гоце Делчев, Р. Бугарија) во семејството на учителот Петар (Петко) Сарафов и неговата сопруга Сирма Карпузова, ќерка на Харитон Карпузов-архимандрит и епископ на Бугарската Егзархија. Фамилијата Сарафови припаѓала кон интелектуалната елита на се уште поробена Македонија.

            По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија. Во неговата генерација се уште Гоце Делчев и Борис Дрангов. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во градот Белоградчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во Врховниот Македоно-Одрински Комитет (ВМОК). Собира и обучува чета со која во 1895 година го напаѓа градот Мелник, настан останат во историјата како Мелничко востание.

            По смртта на Китанчев со поддршка на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, на Шестиот конгрес на македонската емиграција во Софија е избран за претседател на ВМОК.

Често патува во Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Сарафов ги обезбедува парите за акцијата на солунските атентатори.

            Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија, а на Смилевскиот конгрес, заедно со Дамјан Груев и Анастас Лозанчев се избрани за членови на Главниот штаб на Илинденско-Преображенското востание. По востанието дејствува во Битолскиот револуционерен округ. По Рилскиот конгрес на Организацијата (1905) влегува во конфликт со Јане Сандански и неговата Серска група.

            Сарафов е осуден на смрт на нелегален конгрес на Серскиот револуционерен округ, кој се наоѓа под контролата на Јане Сандански. Големиот македонски револуционер е убиен заедно со својот соработник Иван Гарванов од платеникот Тодор Паница на 28 ноември 1907 г во Софија. Нарачателот на убиството на Сарафов, Јане Сандански и неговите помагачи, како и физичкиот убиец Тодор Паница се осудени на смрт од страна на ВМОРО во 1908 г . Долгата рака на Организацијата го стигнува Сандан паша во април 1915 г, а Тодор Паница е убиен од страна на првата дама на ВМРО- Менча Крничева 10 години подоцна во Бургтеатарот во Виена.       

            Со убиството на Борис Сарафов започнуваат и т.нар. „братоубиства“ во Организацијата. Смртта на Сарафов е најголемата загуба за Организацијата по загинувањето на Гоце Делчев на 4 мај 1903 г. Тој е последниот романтичар меѓу македонските комити. Со неговата смрт завршува цел еден период во кој владеале правилата на старата Организација.

            Борис Сарафов не е омилен лик за историчарите по нарачка, од сегашниот и од минатиот систем. Тој никако не можел да се поклопи со нивните состави на слободна тема. Неговата непокорност и огромна посветеност на делото не можеле да се скријат на никој начин. Најголемиот грев на овој горд и храбар човек е фактот дека бил обединителот на двете револуционерни организации: ВМОК и ВМОРО. Сарафов е ликот пред кого сите измислици дека ВМОК и ВМОРО биле различни по својот етнички карактер организации паѓа во вода. Ви текнува на мантрите од времето на Тито нели, врховистите се бугарски слуги, а пак централистите се бореле против бугарското влијание во Македонија. Приказни за мали деца и токму Сарафов е причината тие приказни да будат насмевка кон целата неотруена од пропагандата јавност. Можеби токму поради тој факт, Сарафов не заслужил место во македонската химна, за разлика од неговиот убиец Јане Сандански. Чудно нели? Денес мафтаат некои со Илинденското востание, а не ни знаат кој бил Сарафов, ја знаат „херојската“ слика за Сандан Паша, и некако лесно го голтаат фактот дека бил помагач на Турците. Во истото време никако не можат да му простат на Сарафов дека бил интелектуалец, авантурист, конспиратор, воен лидер, комита и шармер од меѓународен карактер. Не можат да му го простат тоа што бил и врховист и „централист“,  или кажано со еден збор: бил Обединител.

You May Also Like