Почитувани колеги, Помина повеќе од една година од последното годишно собрание на нашата организација на кое бев избран за председател на здружението „Македонско-Бугарско пријателство“. Година, полна со многу проекти, предизвици и се разбира успеси и поводи за радост. Во целиот овој период бев вложен до максимум во реализацијата на идеите на МБП и на низата активности низ Р. Македонија. Дадов се од себе да излеземе во пресрет, со нашите контакти и пријатели, на секој граѓанин на нашата земја, , кој побарал помош од нас за инициативи, проекти или слично во Р. Бугарија.Работев и се трудев со полно срце и апсолутна увереност дека тоа што го правиме е не само важно и одговорно но исто така и правилно. Нашите идеи, цели и заложби денеска се дел од официалната политика на владите на Р. Македонија и Р. Бугарија, кое може само да не радува. Нашето визионерство и желба да ја видиме нашата татковина како модерна земја, која е готова да ги решава отворените прашања со соседите, која покажува смелост, но и одговорност, земја која сака да оди напред кон структурите на НАТО и ЕУ е се по блиску до реалността. И точно поради сето ова, но и поради настанатите нови околности за дејствување на МБП, а исто така и поради некои мои лични и профисионални обврски решив да поднесам оставка од функцијата председател. Сметам дека треба да се даде шанса на нов човек, со нови идеи и визија, кој да ја надгради нашата работа до овој момент. Би сакал нај длабоко и искрено да се заблагодарам на сите наши членови, кои несебично вложија дел од своето време,знаење и лични средства за денеска МБП да изгледа така, како што изгледа – една од најголемите и најактивни невладини организации во Македонија. Ви се заблагодарувам за соработката и на вас колеги, членовите на УО, на НО, а исто така и на раководствата на нашите 14 структури низ Македонија за сето она што успеавме да го направиме заедно. Посакувам од се срце успех на организацијата и на новиот председател. Се надевам дека скоро ќе ја видиме нашата Македонија како членка на НАТО и ЕУ.
Петар Колев