КАДЕ АКО НЕ ВО МАКЕДОНИЈА

На изненадување на академската заедница која се занимава со еволуцијата на човекот, големото откритие кое деновиве го привлече вниманието и на лаиците не беше во форма на фосилни остатоци, алатки или вообичаени физички докази со кои главно се занимава палеоантропологијата, напротив, лоцирана е заедница на живи единки.

Сеуште е нејасно како да се класифицираат овие примероци кои својата животна средина ја имаат во рамките на Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија, но од она што досега и е познато на јавноста е дека одат исправено, имаат јасна социјална структура, систем за комуникација во рамките на групата и се во состојба да изразуваат идеи, да размислуваат апстрактно, да планираат, ловат во група, користат оган,исклучително се територијални и се крајно непријателски расположени.

Ние во Македонија веќе навикнавме од време на време да се сретнеме со значајни откритија, па разбирливо што ова откритие повеќе внимание предизвика кај странската научна јавност, отколку да речеме кај членовите на МАНУ, институција која и самата по себе е еден вид научно откритие и од време на време е предмет на научна опсервација.

 

Треба да истакнеме дека во моментов особено се внимава да не им се наруши секојдневниот ритам, да не се контаминираат”.Во отсуство на релевантни информации од надлежнитеразбирливо е што во јавноста се шпекулира со иднината на овие хомоиди. Дали ке се воспостави некаква форма на резерват во МВР, како да се спречи интеракција со несакан сведок, како да им се ограничи движењето и сл.

Во меѓувреме и Владата ги вклучи своите ресурси па издвои средства со ребалансот на буџетот за да овозможи понатамошно функционирање на оваа група која таинствено ја заобиколила еволуцијата. Особено активни во оваа фаза на планирање биле членовите во владиниот кабинет кои доаѓаат од редовите на ДУИ, кои изненадувачки, имаат исти или слични навики за хранење како групата од интерес

Македонскиот сенс за деловност не би бил тоа што е, ако си дозволи да го преспиеова откритие. Деловната заедница веке писмено се обратила со барање за формирање на Јавно претпријатие по принципот на јавно-приватно партнерство.

Имено, се дознава дека предлогот содржи финансиска рамка која треба да ја финасира инфраструктурата некаде во Мариово, доколку таму не се гради атомска централа.

Дека во овие информации има вистина потврди и еден од министрите на ДУИ кој инсистираше на анонимност,имено, иако кај групатазасега нема траги на некава етничкаприпадност, сепак, министерот е на мислење да се почека со решение додека меѓународните експерти не го потврдат тоа.

Треба да се истакне дека во Зоолошката Градина Скопје, секој ден од 09 до 1800 часот, правни и физички лица можат да донираат храна,со напомена дека животните не мора да бидат живи!

Hermilio Alcalde del Río

 

Пишува:

Ѓорѓи Трендафилов

You May Also Like