(фото)Државниот културен институт на Бугарија со изложба во просториите на Националната галерија на Македонија

Во просториите на Националната галерија на Македонија е отворена изложбата на плакати „Молиер без граници“. Изложбата е  заеднички проект на Државниот културен институт на Бугарија и Меѓународното триенале за сценска плаката-Софија, а во Македонија ќе биде претставена до 23 јуни. Инаку проектот „Молиер без граници“, веќе беше претставен во Бугарија, додека Македонија е првата странска земја, домаќин на тоа културно збиднување.

На отворањето на изложбата беа присутни Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, г-н Иван Петков и аташето за култура во Бугарската амбасада, г-ѓа Антонија Велева. Пригоден говор во врска со овој настан одржа директорката на Државниот културен институт на Бугарија, г-ѓа Људмила Димитрова. Г-ѓа Димитрова во своето излагање го подвлече огромното значење на „уметноста како основна алатка за пренос на пораките на културната дипломатија преку границите, со главна цел ширење на мир, хармонија и меѓусебно опознавање“. Димитрова додаде дека во пресрет на првото бугарско претседавање со ЕУ, преку изложбата,  Бугарија испраќа јасна порака дека како приоритет ја има европската иднина на земјите од Западен Балкан и пред се Македонија. Основната цел н а овој културен настан,како што наведе директорката на Државниот културен институт е да се зајакнат културните врски меѓу Македонија и Бугарија со главен приоритет, заедничката европска иднина на двете земји.

Сите што сакаат да ја посетат изложбата на сценски плакати „Молиер без граници“ можат да го направат тоа во просториите на Националната галерија на Македонија до 23 јуни годинава.

 

You May Also Like