МБП со литературен конкурс го одбележа државниот празник 24 мај

За трета поредна година Здружението за Македонско-Бугарско пријателство го одбележа 24 мај- Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и празник на словенската писменост и култура со детски литературен конкурс на тема „Солунските браќа сонце на словенските народи“.

Настанот беше организиран од страна на МБП „Максим Костов“ Кичево а се одржа во прекрасниот ресторан „Куќа на уметноста“ во селото Кнежино, во околината на Кичево. Официјални гости на свеченоста беа амбасадорот на Р. Бугарија во Македонија, н.е. г-н Иван Петков и аташето за култура на бугарската амбасада г-ѓа Антонија Велева. Неговата Екселенција амбасадорот Петков одржа пригоден говор, со кој ги поздрави сите присутни. Во својот говор амбасадорот Петков го истакна фактот дека во Европа, по влезот на Бугарија во EУ покрај латиницата и грчкото писмо, веќе навлегува и кирилицата. Пригоден говор по повод празникот одржа и претседателот на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство г-нот Петар Колев. Во својот говор, Колев ја истакна и основната причина за постоењето на здружението, а имено градењето на пријателски и добрососедски односи меѓу братските Држави Р. Македонија и Р. Бугарија. Како што истакна Колев, токму празници како 24 мај, ја осмислуваат и идејата за работите кои ги поврзуваат двете најблиски држави на Балканот. Колев исто така истакна дека се надева токму со силата на знаењето, идните поколенија да зачекорат во една подобра иднина.

 Оваа година во конкурсот зедоа учество ученици од основните и средни училишта од Кичево,Прилеп и Гостивар, Скопје и Охрид:  ОУ-„Владимир Полежиноски“-Кичево, ОУ- „Санде Штерјоски“-Кичево, ОУ –„Христо Узунов“-Охрид, невладината организација „Детска Амбасада за сите деца во светот“-Прилеп, ПСУ-„САБА“- Скопје, и  ОУ- „Петре Јовановски“-Гостивар. Творбите на учесниците во конкурсот беа оценувани од жири комисија во состав:

Претседател на комисијата: Љупка Сарафимоска- професор 

и членовите:

Сузана Кузманоска- професор 

Димче Петкоски- професор по филозофија

Ацо Нестороски- магистер по евроинтеграции

Саша Петкоски- уметник

Павле Ночески- поет

Четврта награда (мобилен телефон) доби Филип Матески (ОУ „Петре Јовановски“- Гостивар ).

Трета награда (мобилен телефон) доби Дијана Дурлевиќ (ПСУ „САБА“ – Скопје).

Втора награда (таблет) доби Барбара Мицеска („Детска амбасада за сите деца во светот“- Прилеп)

Првата награда за најдобро дело (таблет) ја доби Филип Ѓорески (ОУ „Христо Узунов“- Охрид)

Учество на конкурсот зедоа:

1-Филип Матески – ОУ „Петре Јовановски“-Гостивар.

2- Александар Србиноски- ОУ ,,Д-р Владимир Полежиноски“ Кичево

3- Бобо Грозданоски – ОУ „Санде Штерјоски“ – Кичево                                                                                           

4- Слободан  Грозданоски-  ОУ „Санде Штерјоски “- Кичево

5-Ена Крстаноска -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

6-Филип Гиновски-ОУ „Христо Узунов“- Охрид

7- Марија Ѓурчиноска -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

8-Марија Лекоска -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

9-Митрески Ѓорѓи -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

10- Софија Милошеска -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

11- Стефанија Настевска -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

12-Теодора Синадиновска -ОУ „Христо Узунов“- Охрид

13-Ивана Стеваноска- Детска Амбасада за Сите Деца во Светот -Прилеп

14- Димитар Димкоски- Детска Амбасада за Сите Деца во Светот -Прилеп

15- Христина Аческа-Детска Амбасада за Сите Деца во Светот-  Прилеп

16-Миа Илијоска- Детска Амбасада за Сите Деца во Светот-  Прилеп

17-Барбара Мицеска- Детска Амбасада за Сите Деца во Светот-  Прилеп

18- Дијана Дурлевиќ-ПСУ „САБА“ – Скопје

  1. Софија Петкоска- ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ –Кичево
  2. Димитар Магденоски – ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ –Кичево
  3. Емилија Кировска – ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ –Кичево
  4. Меланија Кироска- ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ –Кичево
  5. Михаела Тришоска- ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ –Кичево

Сите учесници во конкурсот добија благодарници за своето учество од страна на организаторот на манифестацијата Здружението за Македонско-Бугарско пријателство.

 

 

 

You May Also Like