ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МБП-СКОПЈЕ ДОБРЕ МИТРЕВ ОДДАДЕ ПОЧИТ ПРЕД ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР ВАСИЛ ЛЕВСКИ

Делегација на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство-Скопје, начело со претседателот на Здружението, Добре Митрев, положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Васил Левски на бугарската амбасада во Скопје, во спомен на 148-та годишнина од смртта на големиот бугарски револуционер.

На комеморативниот собир пред присутните со пригоден говор се обрати амбасадорот на Р. Бугарија, Ангел Ангелов. Во чест на Левски беше прочитана и песната „Обесването на Васил Левски“, на големиот бугарски поет и револуционер Христо Ботев.

You May Also Like