Заврши годишното собрание на МБП – сега и официјално со национален карактер

Во преполната сала на хотелот Александар Палас, денеска Здружението за  Македонско-Бугарско пријателство, го одржа своето Редовно годишно собрание.

За разлика од минатото собрание, годишното беше и изборно собрание, согласно одлуките на Здружението од 25-09 и 17-09- 2016 год.

Двеста педесет и три делегати на собранието ги донесоа потребните статутарни измени, избраа раководство на здружението и формираа нови постојани работни тела на здружението.

Преструктуирањето на Здружението најмногу се должи на фактот што тоа одамна претставува организација со национален карактер со оглед на бројноста на членовите, локалните ограноци и најмногу поради преземените активности.

Здружението го отвори претседателот на МБП-Кичево, Саша Петковски, еден од „виновниците“ кои со голем ентузијазам во периодот што е зад нас, работеше и се вложуваше несебично во проектот МБП.

 

zar_3887

Делегатите по предлог на УО на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство, за претседател во следниот четиригодишен период го избраа Петар Колев,  кој доаѓа од истата група на активисти и кој е архитектот на новата структура и физиономија на здружението.

zar_3974

Голема новина во понатамошното функционирање на МБП е формирањето на постојани работни тела. Оваа новина доаѓа поради зголемените активности и потребата од дисперзија на обврските во самото здружение. Па така, со четирите комитети во иднина ќе раководат

zar_3860

 

Проф-д-р.Горан Рафајловски- Комитет за меѓународна соработка

Комитет за култура – Нора Абазли

Комитет за спорт и млади – Александар Шумански

Регионален Развој – Стојанче Зафироф

Делегатите на денешното собрание ги избраа Димче Петкоски за Генерален секретар на здружението, а Ѓорѓи Трендафилов ќе ја извршува должноста на потпретседател на МБП.

Новиот состав на извршните органи на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство од денеска изгледаат вака:

Управен Комитет

  1. Петар Колев
  2. Димче Петкоски
  3. Ѓорѓи Трендафилов
  4. Горан Рафајловски
  5. Саша Петкоски
  6. Иван Боев
  7. Александар Колев
  8. Столе Велков
  9. Христина Ѓорѓиеска Сиљаноска
  10. Ацо Нестороски
  11. Иван Ставров

Надзорен Одбор

  1. Александар Димитреовски
  2. Горан Сами
  3. Крсте Ристeски
  4. Гордана Сваќароска
  5. Ирена Гошева

На сите нив им посакуваме плодна и успешна работа.

 

You May Also Like