МБП-Кочани со мартинки и лекција по повод 3 Март

Во здружението за Македонско-Бугарско пријателство-Кочани, по повод „ Денот на ослободувањето на Бугарија од Турско ропство“, се оддржа историска лекција за ослободувањето на Р.Бугарија и понатамошнато влијание на Руската војска и Бугарското опалчение за ослободувањето на Македонија од Турско ропство.

Лекцијата беше одржана од страна на претседателот на здружението, Симеон Арсов и секретарот на здружението, Александар Димитровски. На лекцијата присутни беа членови и симпатизери од Р.Македонија и Р.Бугарија.

Здружението им се заблагодарува на сите гости, присутни на историската лекција. Членовите на здружението им подарија мартинки на гостите и на граѓаните на град Кочани.

Здружението и понатаму ќе ги одбележува заедничките моменти од двете држави.

 

You May Also Like