Во Кавадарци отворена канцеларија на огранокот за Македонско-Бугарско Пријателство

Со цел за подобра соработка помеѓу Македонија и Бугарија и споделување на информации од повеќе општествени области, во саботата, 23 април, во Кавадарци беше отворена канцеларијата на огранокот за Македонско-Бугарско пријателство.

На свеченото отворање на канцеларијата, помеѓу бројните гости беа и претставниците од сите ограноци во Македонија.

Отварањето на канцеларијата беше проследено со свечено сечење на лента по кое што следуваше воведен говор на претседателката на здружението, г-ѓа Маринела Петреска, за веднаш потоа на присутните со пригоден говор во кој се осврна и кон функцијата и начинот за работењето на канцеларијата им се обрати претседателот на огранокот за Кавадарци, Иван Ставров.

Свое обраќање пред присутните имаше и еден од основачите на здружението г-дин Петар Колев, кој подетално ја објасни целта на здружението.

„Целите на здружението за Македонско – Бугарско Пријателство и отварањето на канцеларијата, е да се биде што поблиску до граѓаните на Кавадарци и Тиквешијата, за да им се обезбедат одредени информации од различени области, како на пример од образованието, спортот, културата, здравството, земјоделието, хуманитарните акции, трибини на различни теми, проекти… Исто така наша цел е и помагање и подобрување во општеството за прогресивно, демократско и европско Кавадарци, притоа допринесувајќи и залагајќи се за подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји, Македонија и Бугарија“.

Претседател на канцеларијата на огранокот за Македонско-Бугарско Пријателство во Кавадарци е Иван Ставров, за потпредседател е назначен Ненад Славов, додека секретар е Горан Сами.

You May Also Like