Делегација на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство-Скопје предводена од претседателот Столе Велков, оддаде почит пред ликот и делото на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, со положување на свежо цвеќе пред неговото вечно почивалиште во црквата „Св Спас“.

Денеска се навршуваат 148 години од раѓањето на Гоце Делчев- идеолог на македонското револуционерно дело.