На 14 и 15 декември (сабота и недела) 2019 г. во хотел Холидеј Ин ќе се одржи информативна средба со кандидат студентите од Македонија, кои сакаат своето високо образование да го продолжат на универзитетите во Бугарија.
Средбата е организирана од Амбасадата на Република Бугарија во Македонија и 20 високообразовни институции од соседна Бугарија. Информативните средби почнуваат од 10 часот и ќе траат до 15 часот, се вели во краткото соопштение на организаторите.