5 години Македонско Бугарско Пријателство

Во Битола, Република Македонија, се одржа национална конференција на здружението за Македонско Бугарско Пријателство. На конференцијата зедоа учество над 2000 делегати и представници на здружението од цела Македонија. Девојчиња облечени во традиционални носии ги пречекаа учесниците на конференцијата традиционално со леб и сол.

Marinela“Денешната конференција е знак за добрите пријателски односи  помеѓу Македонија и Бугарија. Ние не се сомневаме, дека односите ќе станат се подобри и подобри”,

со овие зборови претседателката на здружението Маринела Петреска го отвори форумот. Таа направи отчет за дејноста за изминатите пет години, како и идните иницијативи и проекти. Здружението за Македонско Бугарско Пријателство си постави за цел до крајот на годината да отвори представништва во сите градови во Македонија.

Гости на конференцијата од Република Бугарија беа заменик претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија и лидер на ВМРО, господинот Красимир Каракачанов, европратеникот Ангел Џамбаски, пратеници од Патриотичен Фронт, Милен Михов, Јулијан Ангелов, Красимир Богданов, како и бугарските народни представници од други парламентарни групи. На конференцијата зеде учество и претседателот на државната агенција за бугарите во туѓина, господинот Борис Вангелов.

Angel

“Македонските власти треба да ја прифатат бугарската етничка припадност на македонските граѓани  кои се декларираат како такви. Луѓето треба да знаат дека во мое лице Македонија има свој европски пратеник во Европската Унија. Треба да се искористи односот на Бугарија во евроинтеграцискот процес за членство во Евроспската унија, зошто Македонија нема друга иднина освен членство во Европското семејство”,

рече Ангел Џамбаски во поздравниот говор кон делегатите на форумот.

“Секогаш кога Македонија била во тешка ситуација, во Бугарија има една политичка формација, а тоа е ВМРО, која и помага и ќе и помага на Македонија. Сега Македонија повторно е во тешка ситуација и пак може да се потпре на Организацијата. Да ја оставиме историјата на историчарите, а политичарите да не се занимаваат со истата”,

рече лидерот на ВМРО, господинот Красимир Каракачанов.

Конференцијата заврши со срдечниот говор на Петар Колев од Штип, кој што ги повика на сцената сите кои подпомогнале и допринеле во годините на растење на Здруженитето за Македонско Бугарско Пријателство во градовите ширум Македонија.

petar“Нема друга алтернатива освен европската за Македонија. Од нас зависи сега дали  ќе се запишиме на срамнот дел од историјата или во добриот дел. Од нас зависи каква Македонија ќе оставиме на нашите деца и внуци.

Апелирам за разум и толерантност, но и за решителност. Време е европската енергија да го победи балканскиот менталитет и сите заедно ќе го постигнеме тоа.

Многу пријатели ме прашуваат дали не ми е страв да се декларирам бугарин од Македонија. Борбата за идејата, борбата за по добра иднина, борбата за европска Македонија не е прашање на смелост и страв. Борбата за успех на Македонија е прашање на чест и одговорност”.

“СОЕДИНЕНИЕТО ЈА ПРАВИ СИЛАТА”,

заврши Колев .

Присутните со бурни овации го поздравија говорот на Петар Колев.

види галерија  >>>

Поврзани вести