Бугарската амбасада, генералниот конзулат во Р. Македонија, министерството за образование и претставници од бугарските универзитети, денес и вчера ги представија студентските кампањи за учебната 2016/2017.
Како дел од студентска кампања се претставија најголемите бугарските универзитети:
- софиски универзитет “Св.Климент Охридски” – Софија,
- југозападен универзитет “Неофит Рилски”- Благоевград,
- русенски универзитет “Ангел Кнчев”- Русе,
- Технички Универзитет – Софија.
Во нивното претставување, заинтересираните идни студентите се информиираа за начинот на кандидирање, студирање и домување, како и за престижноста и бенефитите на универзитетите.
На презентацијата зеде учество претседателката на Македонско – Бугарско Пријателство, г-ѓа Маринела Петреска, која на присутните им ги презетираше условите и начините на образовните програми од универзитетите во Бугарија. Таа исто така ги извести заинтересираните кандидат-студенти дека подетални информации може да добијат во сите ограноци на здружението, амбасадата и конзулатот на Р.Бугарија во Р.Македонија.
Идните студенти на 14 и 15 Мај 2016 год. од 10.00 до 16.00 часот во зградата на Бугарскиот Културен Центар во Скопје, може да присуствуваат на курсевите по бугарски јазик, литература и историја на Бугарија.