Детски “Пирин Фолк”

Почна пријавувањето за учество на детскиот фестивал за песна од македонската фолклорна област „Пирин фолк“ во градот Сандански, Република Бугарија.

За прв пат во 25-годишната историја на меѓународниот фестивал „Пирин Фолк“ Сандански ќе се оддржи и конкурс за деца.

„Детски Пирин Фолк“ Сандански е конкурс за изведувачи на песни од македонската фолклорна област за деца од 8 до 15 години. Конкурсот ќе се оддржи на 25 август 2017 г. во градот Сандански, Република Бугарија.

Условите за учество во конкурсот можете да ги погледнете во правилникот на фестивалот на следната интернет адреса (овде http://pirinfolk.com/bg/pravilnik ) .

Пријавувањето за учество се врши на следните начини:
– преку електронска пошта на следниот e-mail: office@fenfolktv.bg
– преку писмо испратено на следната адреса: Софија 1330, ж.к. Сердика, ул. Ѓуешево 85, ет.3 /за фестивалот „Пирин Фолк“/

Крајниот рок за пријавување е 30 април 2017 година.

 

 

Поврзани вести