Европската комисија е подготвена да одвои додатни средства на Бугарија и Грција, како помош за справување со бегалската криза, објави специјализираниот портал Actiencheck.
За Грција се предвидени 3,9 милиони. евра, кои треба да бидат искористени за подобрување на условите за приемот на азилантите. Кон Бугарија ќе бидат насочени 6,1 милиони. евра. Дополнителните итни средства од Меѓународната организација за миграција ќе се користат за заштита на малолетните лица без придружба и за подобро интегрирање на бегалците.
Од октомври 2016 година Бугарија добила близу 149 милиони евра помош за справување со последиците од бегалската криза, потсетува порталот Actiencheck .