УТРЕ АМБАСАДАТА НА БУГАРИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРВАТА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА СО КАНДИДАТ-СТУДЕНТИТЕ ШТО САКААТ ДА УЧАТ ВО БУГАРИЈА

Утре 20 февруари, од 11.00 часот, во зградата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје ќе се одржи првата информативна средба со кандидат-студенти од Република Македонија, кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија.

На состанокот ќе бидат дадени детални информации за претстојната кандидат-студентска кампања, потребните документи, барањата и приемните испити.

You May Also Like