Нема да учествуваме во уште една поделба на македонското ткиво – Петар Колев

Во емисијата “во центар”, гостуваше Петар Колев кој одговараше на провокативните прашања на новинарот Васко Ефтов.

На прашање од новинарот дали се планира да се направи бугарска партија во Македонија, Колев изјави дека тоа е исклучително сериозно прашање и додаде дека:

“нема да учествува во уште една поделба на македонското ткиво”.

Тој додаде дека ќе учествуваат во политичкиот живот во Македонија, но не на база на етничка концепција.

Нивна цел е да го потпомогнат проектот на владата “Македонија вработува”, но со европски стандарди.

Слушнете ги во целост одговорите кои ги дава Колев за време на интервјуто.

Поврзани вести