МБП Охрид

На ден 09.04.2016 Здружението за Македонско – Бугарско Пријателство го формира својот огранок и отвори простории во гр.Охрид. На свеченото отварање покрај членовите на здружението присуствуваа и гости меѓу кои и преставници на локалната самоуправа на гр.Охрид и гр.Софија, пратеници од собранието на Република Бугарија, градоначалници на неколку општини, претседателот на ДАБЧ, европратеникот Ангел Џамбаски, како и бугарскиот конзул во Република Македонија г-н Теодор Русинов.

На свеченото отварање се укажаа на значењето од активностите на ова здружение за граѓаните на град Охрид, како и на важноста за градење на блиски нормални односи помеѓу граѓаните на двете држави. Пригоден говор исто така оддржа претседателот на огранокот на здружението МБП-Охрид г-н Иван Боев.

Функцијата потпретседател ја извршува г-ѓа Мартина Спироска додека функцијата секретар г-н Крсте Ристески.

 

За градот 

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42 033 жители. Расположен на североисточниот брег на истоименото езеро. Охрид и Охридското езеро се едни од главните туристички места во Македонија.

Поради големиот број на цркви и манастири градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.

Охридското езеро е најдлабокото езеро на Балканскиот полуостров и најстаро во Европа, а од биолошки аспект најзначајниот стагнантен воден еко систем на континентот. Разделено е помеѓу Р.Македонија и Р.Албанија. Се карактеризира со богата историја, култура, археолошки наоѓалишта и природна убавина.

Благодарение на ваквите особености, во 1980 год. гр.Охрид и Охридското езеро се прогласени за Светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Светската важност се потврдува во 2010 година кога НАСА и меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина,Титан, да го носи името Охридско езеро.

Градот Охрид се наоѓа на источниот брег на Охридското езеро. Градскиот дел опфаќа два рида и блиска рамнина.Од двата рида, Горни Сарај и Нов Сарај, кои се наоѓаат на 785 метри надморска височина и 745 метри надморска височина соодветно, се открива панорамски поглед на градот и езерото. Со текот на годините, градот расте главно во Североисточна насока, така создадените населби се доближуваат до селата Лескоец и Велгошти. Источно од градот се издига како срт на 2225 метри планината Галичица.

Во близина на гр.Охрид се наоѓа аеродром, еден од двата меѓународни аеродроми на ниво на Македонија. Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 Охрид-Битола-Скопје со должина од 235 км и регионалните патишта P501,Охрид-Св.Наум 29 км. и P420 Охрид-Струга 14 км.

Во однос на образованието, во Охрид функционираат четири средни училишта, високото образование на државниот Универзитет за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле,“ како и факултетот за Туризам и угостителство при Универзитетот Св.Климент Охридски.

Во текот на годината во гр.Охрид се оддржуваат голем број на настани и манифестации од кој како најистакнати ќе ги одвоиме „Прличевите беседи“ – Денот на поетот Григор Прличев, Еко Фестивалот, Меѓународниот фестивал од областа на екологијата и културниот туризам, Ден на Охридското езеро, Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Како познати спортски манифестации со кои се карактеризира градот Охрид ќе ги одвоиме Охридски пливачки маратон, едриличарска илинденска регата, веслачка и кајакарска илинденска регата.

Градот Охрид изобилува со богата историја. Старото име на Охрид е Лихнидос кој кон крајот на 6 век е населен од словените. Според легендата името на Охрид произлегува од извикот и воздишката на цар Самуил Ох,рид откако го фасцинирала градската панорама. Од неговиот извик произлегуваат имињата Охром, Мехром, Охрид. Охридскиот историчар академик, Иван Снегаров, претпоставува дека името Охрид е изменета словенска форма на старогрчкото Лихнина од Хрид-(рид) град на ридот.

За последен пат името на градот Лихнида се споменува во 6 век кога на 29 и 30 мај 526 год. е разрушен од земјотрес. После примањето на христијанството, Охрид е епископски центар каде што охридскиот епископ зема учество во четвртиот Цариградски собор во 869/870 година. Во врска со овој собор се споменува и за прв пат името Охрид. Во времето на цар Борис Михаил Први Покрстител, градот е дел од Охридскиот-Деволски комитат.

Во 887 година Св. Климент Охридски е испратен како учител во областа Кутмичевица со главни градови Охрид и Девол. Тој станува Охридски епископ и заедно со Св. Наум Преславски, денес познат како Св.Наум Охридски, ги поставуваат темелите на Охридската книжевна школа. Благодарение на нивната активност во втората половина на 9 век, Охрид се претвора во бугарска книжевна престолнина. Тогаш градот е еден од нај развиените и познати средновековни културни центри.

Во времето на цар Самуил, Охрид е и престолнина на Бугарската патриаршија (10/11) век. Тврдината која е изградена во тоа време го носи неговото име и ден денес се издигнува над градот. Во 1015 год. византискиот император Василиј Втори (Бугароубиец) го превзема градот. Тврдината останува и потоа под управувањето на цар Иван Владислав, кој е наследник на Радомир, син на цар Самуил. Од времето на византиското владеење од 1018 до 1167 година градот е центар на Охридската Бугарска архиепископија.

Од средновековието познати се имињата на архиепископи и духовници од гр.Охрид. Тие се собрани во списокот за Охридските архиепископи и патриарши. Меѓу духовниците кои работат во градот се монасите Наум (околу 830-910 год.) и Климент (околу  840-916 год.), архиепископите Теофилакт, Лео и Натанаил (1872-1880) и патриарсите Филип и Давид.

Сред интелектуалците во поново време сврзани со Охрид се преродбеникот, писател и учител Григор Прличев (1830-1893), кој прв ја преведува Илијада, неговиот син Кирил Прличев (1875-1944), преродбеникот, книжевник и фолклорист Кузман Шапкарев (1834-1909), грчкиот географ Маргарит Димзов ( 1830-1903), уметничката Ирена Паскали (1969), историчарот акад. Иван Снегаров (1882-1971). Меѓу познатите бугарски воени дејци родени во Охрид се генералите Климент Бојаџиев (1861-1933), Крстју Златарев (1864-1925) и Александар Протугеров (1867-1928).

Други познати личности родени во гр.Охрид се:

-Константин Робев ( 1818-1900 ),

-Димитар Робев  ( 1822-1890 ),

-Стефан Робев  ( 1842-1880 ),

-Наум Спространов  ( 1851-1880 ),

-Антон Кецкаров  ( 1865-1945 ),

-Климент Џеров  ( 1867-1916 ) –генерал мајор во бугарската армија,

-Евтим Спространов ( 1868-1931 ),

-Ѓеорги Баласчев ( 1869-1936 ),

-Стефан Јакимов Дедов  ( 1869-1914 ),

-Методи Патчев  ( 1875-1902 ),

-Христо Узунов  ( 1878-1905 ),

-Петар Чаулев  ( 1881-1924 ).

Градови од Република Бугарија со кои гр.Охрид има потпишано протокол за соработка се гр. Пловдив, Несебар и Велико Трново.

Патрон и заштитник на град Охрид е Св. Климент Охридски.