Делегацијата на МБП работно во Народното Собрание на Република Бугарија

Во рамките на неколку дневната посета на Република Бугарија, претставниците на Македонско-Бугарско пријателство (МБП) денеска на работната посета на парламентот на Република Бугарија, беа примени од  Заменик-Претседателот на Народното Собрание, Красимир Каракачанов. 

На дневниот ред на средбата беа отворени повеќе прашања од интерес на МБП како што се студентските програми и стипендиите, грантовите за меѓу гранична соработка, проектите на ЕК за унапредување на патната инфраструктура и сл.

Од страна на домаќинот г-дин.Красимир Каракачанов, уште еднаш беше афирмирана поддршката што Република Бугарија и ја дава на Република Македонија и дека истата останува трајна определба во севкупната надворешна политика на Република Бугарија.

            Исто така, од негова страна беше истакнато дека политичката групација чиј претседател е, останува посветена на континуираното олеснување на административните бариери пред кои се исправаат македонските граѓани кои сакаат да остварат одреден интерес во Република Бугарија или во рамките на ЕУ воопшто, без оглед дали станува збор за стекнување на бугарско државјанство, студентско или академско доусовршување, деловен или било каков друг интерес.

            Нескриен беше интересот за политичката состојба во земјава со оглед на постизборната ситуација, и беше манифестирана отворена загриженост за видливата меѓународна изолација на Република Македонија. 

На нашата делегација со оглед на темите кои беа на дневен ред и беше овозможено да се сретне и со претседателите и членовите на парламентарните комисии кои се надлежни за одредени прашања- Валери Симеонов-председател на парламентарната група на Патриотичен Фронт,Искрен Василев Веселинов  член на комисијата за транспорт и информатичка технологија, Красимир Богданов, комисија за надворешна политика и комисија за образование, Султана Димитрова Петрова, комисија за земјоделство и комисија за здравство. 

Посетата на Народното Собрание беше прилика да сe сретнеме со пријатели на Македонија, поранешниот Началник на ГШ на АРБ и амбасадор на Република Бугарија во земјава, Михо Михов, со Пламен Манушев, поранешен адмирал и член на парламентарната делегација во НАТО.

            Исклучително „набиениот“ дневен ред во Народното Собрание немаше да биде реализиран без несебичниот ангажман на секретарот на парламентарната група на Патриотскиот Фронт, Јулијан Ангелов, кој и покрај празничното расположение ( во Бугарија Бадник е на 24 декември) успеа да организира исклучителна работна посета.

            На нашите домаќини им посакуваме Среќен Бадник,Среќен Божиќ и Нова Година!!!

You May Also Like