Здружението за Македонско-Бугарско пријателство писмено се обрати до европратениците од соседна Бугарија за поддршка во врска со замрзнатите средства од страна на Брисел, а поврзани со финансирањето на инфраструктурата во рамките на Коридорот 8.
Позицијата на Република Македонија во рамките на ЕУ е најлоша во последниве десет години, особено што во моментов се водат неколку истраги поради сомнение за злоупотреба.
Европската Комисија ги замрзна средствата од ИПАРД програмата во износ од 27,1 милиони евра, а подоцна и 69 милиони евра од Регионалната програма за коридорот 8.
Одлуката на Европската Комисија за стопирање на програмата за коридорот 8 се случи безмалку истовремено со состанокот на Стопанските комори од Македонија и Бугарија кој се одржа во Скопје, а на кој претставниците на двете комори како главен недостаток во рамките на деловната соработка го истакнаа квалитетот, или поточно неквалитетот на постојната патна и железничка инфраструктура.
Во таа насока, Здружението за Македонско-Бугарско пријателство започна со подготовка на нацрт_документ во кој очекуваме свои ставови да достават и членките на Стопанските комори од Македонија , особено од областа на туризмот.
Тоа треба да претставува збирна информација и појдовна основа за евентуално разгледување во европскиот парламент, претставено од европратениците од Република Бугарија.
За жал без своја вина, по правило, најпогодени од ваквите и слични мерки секогаш се граѓаните, а не оние за кои овие мерки се намените (во случајов, нашата влада е исправена пред сериозни обвинувања, а во истрагата е вклучен и Интерпол).
Оваа иницијатива е и повеќе од оправдана, затоа што Македонија се претвори во простор кој е одбегнуван од секаков сериозен инфраструктурен и енергетски потфат, земја со главен град од кој неможе “лесно да се отпатува со воз”.
Здружение за Македонско-Бугарско пријателство