ГЕРБ на Бојко Борисов води после првичните резултати на вонредните избори во Бугарија

Партијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ води со над 4% пред Бугарската Социјалистичка Партија, според првичните резултати по крајот на изборниот ден во Бугарија.

Многу мала е разликата помеѓу третата и четвртата политичка партија – етничката партија на бугарските Турци Движењето за Правда и Слободи и коалицијата Обединети патриоти (ВМРО, Атака и Националниот фронт за спас на Бугарија (НФСБ)).

Пет или шест партии ќе бидат дел од новиот пратенички состав на парламент. Во бугарското собрание влегува партијата „Волја“ на бизнисменот Веселин Марешки, а конзервативниот Реформски блок се наоѓа на границата од 4 %, што се потребни за влез во парламентот.

 

Податоците од “Алфа рисрч” кон 19ч .:

ГЕРБ – 32,2% БСП – 28% ДПС – 9,7% Обединети патриоти – 9,5% “Волја” – 5,1%Реформски  блок – Глас на народот – 4%

Податоци од “Галуп” кон 19 часот .:

ГЕРБ – 32,8% БСП – 28,4% Обединети патриоти – 8,8% ДПС – 7,8% “Волја” – 4,6% Реформски блок – Глас на народот – 3,8%

Одѕивот до 19 часот локално време е  48 %

Како ќе изгледа идниот парламент: Распределба на пратеничките мандати според пресметките на “Алфа рисрч”: ГЕРБ – 86-88 места, БСП – 75-77 места, ДПС – 25-27 места Обединети патриоти – 25-27 места “Волја” – 13 места РБ-ГН – 10-11 места

Според “Галуп”: ГЕРБ – 94-98 мандати БСП – 81-85 мандати Обединети патриоти – 24 – 28 мандати, ДПС – 20-24 мандати, “Волја” – 12-14 мандати.

 

Видете ги резултатите од следното видео

You May Also Like