МБП ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на Димитар Талев

На 7 септември 2017 г од 19 часот МБП организира одбележување-коктел по повод годишнината од раѓањето на големиот бугарски писател по потекло од Прилеп, Димитар Талев. Настанот ќе се оддржи во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп. Поканети се сите, кои се запознати или сакаат да се запознаат со ликот и делото на големиот прилепчанец Димитар Талев.

Талев е роден на 1 септември 1898 година во градот Прилеп. Израснува во патриархално семејство. Дипломира на Софискиот Универзитет во 1925 на отсекот Бугарска книжевност. Во периодот 1927-1934 активно соработува со весникот „Македонија“, печатен орган на ВМРО. По превратот од 19 мај 1934 соработува со весникот „Зора“, каде што го води литературниот дел. По доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија (09.09.1944г. ) е уапсен и без суд и пресуда е испратен за „превоспитување“ прво во рудникот „Бобовдол“, а потоа и во рудникот „Куцијан“ во Перник. Од 1948 година до 60-тите години на минатиот век се наоѓа во изолација и во тој период го завршува своето најголемо и најпознато животно дело тетралогијата „Железниот светилник“, „Преспанските камбани“, „Илинден“ и „Гласовете ви чувам“. Големиот писател и општественик Димитар Талев умира на 20 октомври 1966 година во Софија, Република Бугарија.

You May Also Like