Здружението за Македонско-бугарско пријателство за втора година по ред подари новогодишни пакетчиња за децата од две одделенија во две училишта во градот Кочани.
Претседателот на Здружението, Столе Велков и неговите соработници, влегоа во улогата на дедо Мраз во Основното училиште Малина Поп Иванова во оделението за деца со посебни потреби и во Основното училиште Крсте Петков Мисирков во Оризари, каде што новогодишни пакетчиња добија првоодделенците.