ДЕН на НАТО во Македонија (ФОТО)

        Традиционалната прес-конференција, која секоја година се организира од страна на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија со цел да се прослави денот на НАТО – 4ти април, оваа година  се одржа во Домот на АРМ во Скопје.

        Овој настан “Ден на НАТО- Прес-конференција – 2017” е традиционална активност на АТА Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија која покрај одбележувањето на Денот на НАТО, исто така, служи како информативен настан кој има за цел да ја информира пошироката јавност и медиумите за развојот и напредокот на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО.

Исмет Рамадани, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, во своето обраќање меѓудругото истакна:

        “…Политичката ситуација во Македонија денес е во криза, која постојано бара решение, а таа е дополнително оптоварена и со бегалската криза. Ова е предизвик за земја која е мала и економски неразвиена, и не е членка на НАТО и на ЕУ. Но, можам да кажам дека и покрај проблемите на политичко ниво, Македонија покажа дека има капацитет и подготвеност да се справи со напливот на бегалци и ефикасно да соработува и да се координира со соседните земји. Сепак, моја препорака е да се постигне консензус меѓу партиите што е можно поскоро и спроведување на фер избори, што ќе покаже дека сме на вистинскиот пат за консолидирање на демократијата и нормализирање на функционирањето на нашите институции.

        Друга важна консидерација на која сакам да укажам е важноста да се фокусираме и на други предизвици и безбедносни прашања со кои светот се соочува, а кои не го заобиколија ни нашиот регион. Засилена регионална соработка и активна ангажираност, како и посветеност на демократските вредности, како што се промоцијата на човековите права, слободата на медиумите и владеењето на правото е неопходност што секоја демократска држава треба да ги спроведе во услови кога заканите се асиметрични и непредвидливи….”

 САД очекуваат брзо формирање на влада која ќе биде посветена на реформската агенда и интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, порача денеска амерканскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

        Вратите на НАТО остануваат отворени, потребни се структурни реформи. Пораки со слична содржина упатија и амбасадорите на Република Хрватска и Кралството Шпанија, Данијела Баришиќ и Рамон Абароа Каранса.

        Трифун Костовски – Извршниот  директор на АТА- Бизнис клубот, се осврна на прашањето на спорот со Грција, истакнувајќи дека таквото отворено прашање е без преседан и побара поенергичен пристап од НАТО и ги охрабри во иднина помалку да го користат терминот “вашата земја” a повеќе Македонија.

МБП на Денот на НАТО беше претставувана од потпретседателот Ѓорѓи Трендафилов и  ген. Секретар на Здружението, Димче Петкоски.

 

http://atamacedonia.org.mk/

Настанот преку слики…

Поврзани вести