Семинар на тема „Што значи да си европски граѓанин“

Младите членови на здружението Македонско – Бугарско Пријателство, заедно со свои врсници од Р.Србија и Р.Бугарија, беа дел од семинарот на програмата Еразм + .

Темата на програмата Еразм + беше:

„ Што значи да си европски граѓанин“.

Целта на семинарот е да помогне во градењето на европско сознание и идентитет со помош на неформална обука, пријателство и соработка помеѓу децата од различните држави.

На семинарот беa претставени подетално можностите кои ги предлага самата програма Еразм + во областа на образованието и обуката во периодот од 2014-2020 год.

Со оваа програма 4 милиони европјани ќе учат , ќе се обучуваат и ќе работат како доброволци во странство.

На крајот на семинарот сите деца добија Youthpass сертификати.

 

Како дел од визитата на бугарскиот главен град децата го посетиjа и новоотворениот музеј за историјата на Софија.

види галерија

Поврзани вести