72 години од Македонската Крвава Коледа-Божик

Денес на 06.01.2017 година раководството на огранокот на здружението за Македонско Бугарско Пријателство Охрид организира панихида во парохискиот храм Св. Никола – Охрид по повод 72 години од Македонскиот крвав Божик. Воедно раководството на МБП-Охрид, изрази голема благодарност до отецот Сашо Ристески за неговата безрезервна поддршка спрема нашето здружение.

Секретарот на МБП – Охрид г-ин. Крсте Ристески оддржа пригоден говор каде што ги поздрави присутните членови и симпатизери, и во исто време напомена дека ние како здружение сме првите и единствените од Независноста на Република Македонија па до ден денес кои прават помен за овој настан. „Македонскиот крвав Божик“ со надеж во иднина ова наша иницијатива да се одржува низ целата територија на Република Македонија, се со цел македонските граѓани подобро да се запознаат со овој трагичен историски настан и во иднина никогаш да не дозволат тоа повторно да се случи.

Македонскиот Крвав Божик е еден од најтемните историски настани во поновата македонска историографија за кој многу малку се зборува. Имено предходница на тој настан е така наречениот ,, Војнички бунт“ кој се случил на  26 декември 1944 година денови пред Коледа 1945 година. Во касарните во Скопје и Штип се разбунтуваат илјада војници и седумдесет офицери. Тие не биле согласни со дојдената наредба од Белград да отидат на фронт во заштита на Србија туку нивната желба била да се насочат спрема Солун за да ги ослободат своите сонародници од Егејска Македонија. Претставниците на Тито,Светозар Вукманович-Темпо, Лазар Колишевски и генерал Михајло Апостолски решаваат дека сега е моментот да се справат со приврзаниците на ,,бугарскиот окупатор“ , тие околу себе си ги собираат српските офицери и им кажуваат дека бунтовниците се бугараши, Ванчомихајловисти, вмровци и фашисти. Генерал Михајло Апостолски со итрина ги примамува офицерите во Офицерскиот клуб во Скопје  за да го „решат проблемот“, каде што веднаш се разоружуваат, апсат и ги затвораат во занданите на скопската тврдина Калето.По краток распит,воден лично од Темпо само за неколку часа се ликвидирани сите седумдесет офицери.Пред егзекуцијата Темпо на секој офицер му велел “ Хочеш Солун…Ево ти га…“. Војниците кои се имале веќе прибрано во своите касарни, осетиле дека нешто се случува со нивните офицери и повторно излегле и се насочиле кон центарот на Скопје. Таму, тие биле  пречекани и биле забарикадирани од српски партизани кои почнале немилосрдно да пукаат во нив. Убиените се околу 100, додека другите 900 се уапсени и затворени во Калето. Во Калето биле чувани повеќе од еден месец, без вода, храна и ќебиња каде скоро сите изумираат од глад и студ.

На 6-ти наспроти 7-ми јануари 1945 година по предходно изготвени списоци од Лазар Колишевски во името на ново изгласаниот Закон за Македонска национална чест во Македонија без суд и пресуда започнуваат масовни ликвидации на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани „бугараши“ и „соработници на бугарскиот фашистички окупатор“.

Само во првиот ден на Божик 7-ми јануари во Скопје се ликвидирани 63 души, во Велес 54, во Куманово 48, Битола 36 , Штип 77 , Прилеп 35, додека крај село Владимирово-Беровско се ликвидирани 330 души. Во наредните седмици во Охридско – Преспанскиот дел се ликвидирани илјадници граѓани од кои само на врвот на планината Галичица на еден громорозен и жесток начин се ликвидирани т.е. оставени измрзнати, гладни и жедни за вода околу 300 Охриѓани при тоа да ги гледаат двете езера Преспанското и Охридското, додека многу други се ликвидирани со цели фамилии крај Отешево, а нивните тела им се фрлени во Преспанското Езеро како и во Охридското Езеро.

Истакнати македонски личности, трудољубиви патриоти, интелектуалци, жртви на законот, за „Македонска национална чест “ се адвокатот Илија Коцарев од Охрид , д-р Димитар Гјузелев од Дојран , инж. Димитар Чкатров од Прилеп , д-р Константин Робев од Битола, инж.Спиро Китанчев од Скопје , д-р Асен Татарчев од Ресен брат на д-р. Христо Татарчев основоположникот на БМОРК=ВМРО , Роза Којзаклиева учителка од Штип и ред други илјадници интелектуалци борци за Независна Македонија.

Бог да ги прости невините жртви, загинати поради најсветото нешто на овој свет, љубовта и верноста спрема својата татковина!

  

Поврзани вести