Новогодишен коктел на МБП

Претседателот на МБП, Петар Колев, Новогодушниот коктел за членовите на здружението оваа година го приреди во Велес.

Честитајќи им ја нова година и претстојните Божиќни празници, на активистите и членовите на МБП, г-дин Колев најави и дел од активностите на здружението кои ќе започнат практично во првите денови од новата 2017.

Македонија е местото на кое Новата Година ќе ја пречека и Ангел Џамбаски, пратеник во ЕУ. Придруживајќи се кон честитките, тој го најави своето активно учество во дел од активностите на МБП и им посака здравје, успех и просперитет во Новата 2017.

Редакција на mbp.com.mk се придружува кон честитките и на сите читатели им посакуваме Среќа Нова и Честит Божиќ. 

Поврзани вести