МБП: УДОСТОВЕРЕНИЈАТА ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО СЕ БЕСПЛАТНИ

Почитувани,

            Со заповед бр. 67 од 16.12.2016 г, на претседателот на ДАБЧ, (Државна агенција за бугарите во туѓина) „Здружението Македонско-Бугарско пријателство-МБП” е впишано под број 6 во регистерот на организации на бугарите кои живеат надвор од Република Бугарија, согласно  чл. 3, ал. 1, т.2 од Законот за бугарите кои живеат надвор од Република Бугарија.

            Согласно „Законот за Бугарите” кои живеат надвор од Република Бугарија и Законот за бугарско државјанство, како и наредбите за прилагање на истите закони, МБП има право да издава Уверенија за Бугарско потекло (УДОСТОВЕРЕНИЯ ЗА БЪЛГАРСКИ ПРОИЗХОД), кои служат во процедурата за добивање на бугарско државјанство како еден од доказите за бугарско потекло.

            Предизвикани од низа шпекулации и злоупотреби, раководствотона МБП донесе решение својот став за издавање на документот за потекло (удостоверението) да го изложи јавно со цел да стигне до секој заитересиран граѓанин и да се обиде да се спротистави на недобронамерниците кои ги злоупотребуваат потребите на граѓаните за различен материјален интерес.

Почитувани, УДОСТОВЕРЕНИЈАТА ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО-ПРОИЗХОД , се издават бесплатно на оние граѓани кои имаат бугарско потекло, согласно историската реалност и низа од документи издадени од Република Македонија (изводи од книгата за раѓање или книгата на умрени).

            За да не попаднете во шемите на измамници и други недобронамерни организации ве молиме за се што ве интересира во врска со добивање на УДОСТОВЕРЕНИЕ да се обратите кон нашите официјални представници по градови и региони:

 

Скопски  регион: САЊА ЦВЕТКОВСКА тел: 078-622 124

Велешки  регион: ДАРКО СТОЈАНОВ тел. 078-283 282

Штипски  регион: АЛЕКСАНДАР КОЛЕВ, тел: 072-246 399

Кочански  регион: КРИСТИНА ЗАФИРОВА, тел:078-736 529

Малешевски  регион: ИРЕНА ГОШЕВА, тел: 075-416 367

Струмички  регион: ИЗАБЕЛА ПАНДЕВА, тел: 078-326 989

Тиквешки  регион: ГОРАН САМИ, тел: 077-521 989

Кичевски регион: САШО ПЕТКОСКИ, тел:078-424 467

Охридски регион: ИВАН БОЕВ, тел: 077-702 903

Пелагониски регион: ГОРДАНА СВЕЌАРОВСКА, тел:071-323 075

           

За злоупотреби и непрофесионализам, како и за директен контакт со раководството на МБП ве молиме сигнализирајте ни на е-маил: sekretar@mbp.com.mk,  sovet@mbp.com.mk

 

Со Почит,

Петар Колев,

Претседател на МБП

 

You May Also Like