3-Д ласерско шоу по повод денот на Европа во Софија

Уникатно 3-Д ласерско шоу со звук и светлина ќе ги израдува жителите и гостите на Софија по повод Денот на Европа – 9 мај. Сцена е фасадата на некогашниот царски дворец во центарот на градот, а времето на првата проекција – 21,30 утре.

Организатори на настанот се  Бирото за информации на Европскиот парламент, Канцеларијата на Европската комисија и Општина Софија. Медиумски покровител на настанот е Бугарската Национална Телевизија. Влезот е слободен.

Видео од подготовката на овој интересен проект можете да видите на следниот линк >>>

Поврзани вести