МБП-Кавадарци по повод денот на храброста и празник на Бугарската армија

Претставници на Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” МБП-Кавадарци, по повод денот на храброста и празник на Бугарската армија, кој традиционално се одбележува секоја година на Ѓурѓовден, 6-ти мај, оддадоја почит и положија свежо цвеќе на воениот споменик од Првата светска војна кај Дреново, на местото на тогашната воено -полска болница, во чест и спомен на 193 бугарски војници кои се погребани во блиската околина.

Минатата година, здружението спроведе акција за уредување на споменикот, а истовремено апелираше до надлежните служби, значајниот монумент и потсетник на трагичната историја која се одвивала, да не биде оштетен или уништен при изградбата на патот кој минува веднаш до него, како и да се овозможи многу полесен пристап за граѓаните кои сакаат да го посетат.

 

You May Also Like