Свечено отворен огранокот во Охрид

Здружението за Македонско – Бугарско Пријателство, формираше свој огранок во Охрид.

По повод отворањето на канцеларијата на здружението за Македонско – Бугарско Пријателство во Охрид, се одржа свеченост на која покрај членови на здружението присуствуваа и гости, меѓу кои и претставници на локалната  самоуправа на Охрид , пратеници од собранието на Република Бугарија, градонацалници на неколку општини,претседателот на ДАБАЧ  и европратеникот Ангел Џамбаски.

Претседателката Маринела Петреска, укажа на значењето од активностите на ова здружение за граѓаните на град Охрид, како и на важноста од градењето на пријателство преку едно вакво здружување.

„Отворањето на оваа канцеларија беше неопходно. На овој начин ќе придонесеме за подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји и за подобрување на меѓусебната комуникација. За таа цел планираме реализација на европски проекти. Дополнително тоа ќе биде можност и за промоција на Охрид“.- изјави Иван Боев, претседател на огранокот на Здружението за Македонско– Бугарско пријателство во Охрид.

Канцеларијата на здружението за Македонско – Бугарско пријателство која се наоѓа на улица „Партизанска“, ламела Б, беше отворена со верски обичај, по што се одржа пригоден коктел.

Функцијта секретар ќе ја извршува Крсте Ристески.

Поврзани вести