Македонија и Бугарија заеднички го одбележа денот на храбростта

По 10-ти пат, фондација „Балгарска памет“ ги организира граѓаните и политичарите од Р. Бугарија и Р. Македонија заедно да го одбележат 6 Мај – Денот на Храбростта, на бугарските воени гробишта во Ново Село, Струмичко.

„ Немаме причина да се делиме, имаме многу поводи кои не обединуваат “ – со овие зборови д-р Милен Врабевски, претседател на фондација „Балгарска памет“ ја отвори свечената церемонија.

На покана на организаторите на свеченоста присуствуваа и г-н Иван Петков – амбасадор на Р. Бугарија во Р. Македонија, г-н Андреј Ковачев – европратеник , г-н Тодор Чобанов – зам. градоначалник на гр. Софија, раководителот на мисијата на НАТО во Скопје , како и военни аташета на САД, Кина, Англија, Србија, Италија и Русија.

Младите членови на здружението за Македонско – Бугарско Пријателство заедно со 350 младинци од Р. Бугарија положија цвеќе и венци и оддадоа почит на загинатите од 11-та пешадиска македонска дивизија. Воениот меморијал во Ново Село е втората обновена бугарска военна гробница, во која се погребани 71 бугарски војници загинати во Балканската и Првата Светска Војна.

Ова поклонение на 6 мај е еден добар пример на заедничко одбележување во духот на добрососедскиот дијалог и солидарност помеѓу Р. Македонија и Р. Бугаријаи со перспектива на заедничка европска иднина.

 

You May Also Like