Божиќна хуманитарна акција

Претставници од здруженијата МАКЕДОНСКО – БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО од цела Македонија на 25.12.2015 година, по повод божиќните празници, беа во посета на дневниот центар за деца со посебни потреби во Кичево.

Здружението донираше средства, кои на лицата сместени во дневниот центар им се потребни за нормално функционирање.
Се надеваме дека со нашата донација барем во еден мал дел ќе допринесеме во подобрување на условите за живеење на овие луѓе.

Исто така, се надеваме дека тоа ќе биде добар пример за сите лица и институции да преземат ваков чекор и овој период од годината да се сетат на нив.

види галерија >>>

Поврзани вести