Европските вредности ќе ги победат балканските комплекси

Почитувани граѓани и членови, за прв пат во 7 годишното работење здружението “Македонско-Бугарско пријателство” се соочи со немил настан. Палењето на знамето на Р. Бугарија поставено во канцеларијата на огранокот во Кратово е вандалски чин кој ние најостро го осудуваме. Овој настан нема да не поколеба во нашите намери да градиме пријателски односи помеѓу двете земји, туку ќе ни даде уште поголем мотив да продолжиме по патот на градење мостови на добрососедство и пријателство помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. Продолжуваме да се стремиме кон вредностите на Европската унија, а тоа се почитувајќи ги своите вредности да ги почитуваме и вредностите на другите. Воедно бараме од институциите на системот да го расветлат случајот и поединците што го сториле тоа да излезат пред лицето на правдата. Се надеваме дека тоа ќе остане во минатото, а ние гледајки во иднината ја гледаме Македонија како дел од големото европско семејство.

Со почит,
Претседател
Маринела Петреска

You May Also Like