На покана на фондација „Бугарска памет“ младите членови на здружението за Македонско – Бугарско Пријателство, учествуваа на XVIII пролетен семинар на фондација под мотото „Перспектива на младите во Европа“.
На официјалното отворање присуствуваа претседателот на фондација „Бугарска памет“, д-р Милен Врабевски, градоначалникот на град Варна, г-н Иван Портних, раководител на претставништвото на Европската комисија во Р. Бугарија, г-н Огнјан Златев и претставникот на фондација „Ханс Зајдел“ за Р. Бугарија, г-н Богдан Мирчев.
Во рамките на 5-те дена, младите луѓе од 5-те држави – Украина, Молдавија, Србија , Македонија и Бугарија, учествуваа на семинарот на кој се запознаа со можностите за образование и мобилност во Европската унија. Учесниците научија да го применуват мотото на европска унија:
ЕДИНСТВЕНИ ВО МНОГУОБРАЗИЕТО
Учесниците на семинарот се обединија околу тезата дека младите треба да го носат во себе духот на европската културна идентичност, а во исто време да се негуваат сопствените традиции.