МБП ОХРИД ЈА ОДБЕЛЕЖА 112 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ВОЈВОДАТА ХРИСТО УЗУНОВ

Здружението за МБП Охрид денеска положи свежо цвеќе по повод 112 годишната од смртта на големиот охридски војвода Христо Узунов.

Воедно беше претставена ретка слика од големиот војвода Христо Узунов преоблечен во свештеник кога влегува во гр.Битола.

Христо Димитров Узунов е роден на 22 февруари 1878 во Охрид. Бил реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Бугарската машка егзархиска гимназија во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896).

Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинден на Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на  Организација за Охридско, Струшко и Кичевско.

Загинал на денешен ден во 1905 година опколен од турска војска во кичевското село Цер.

 

Поврзани вести