Претседателот на огранокот на Македонско-Бугарско пријателство во Кичево, Саша Петкоски на 16.02.2019 беше гостин на бугарската заедница во Аугсбург Германија. Поканата до г-н Петкоски беше испорачана од г-ѓа Галија Александрова.
Претседателот на МБП-Кичево зеде учество во пригодниот настан за прославата на празникот Св. Трифун. За време на дружењето со претставниците на бугарската заедница во Аугсбург, првиот човек на МБП- Кичево ги запозна присутните со активностите на нашето Здружение.
