МБП СО ПОДДРШКА ЗА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ ВО ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ искажува јавна поддршка за иницијативата на родителите на деца со посебни потреби, кои преку собирањето на 10.000 потписи бараат измени на закони и подзаконски акти, со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.

МБП ги повикува сите свои членови, симпатизери и сите хумани луѓе со потпис да ја подржат акцијата на родителите, бидејќи таа е во интерес на нивните деца, кои ја заслужуваат целосната поддршка на јавноста. Книгата за потписи се наоѓа во паркот Жена Борец, каде што беше расположен и кампот на родителите и нивните деца.

МБП како организација, што ги следи сите активности од хуман карактер, јавно повикува за масовна поддршка за овие дечиња и подвлекува дека во моментов сите заедно треба да им помогнеме.

Според родителите кои ги бараат измените во законите и подзаконските акти, основна причина за таа иницијатива е еден од најтешките проблеми со кој се соочуваат, а имено– што ќе се случи со овие деца по смртта на родителот, и велат дека имаат предлог како може да се реши ова прашање, бидејќи сега децата со посебни потреби, откако ќе им починат родителите, најчесто завршуваат во психијатриските установи во Бардовци и во Демир Капија.

Да се здружиме сите заедно и да и им помогнеме на децата. Излезете и потпишете се во нивна поддршка.

 

Со почит,

Здружение за „Македонско-Бугарско пријателство“

You May Also Like