Одржана кандидат-студентската кампања за младите луѓе од Македонија

На 20 февруари (четврток) во просториите на Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје се одржа информативна средба, дел од кандидат-студентската кампања за младите луѓе од Македонија, кои што сакаат да го продолжат своето високо образование во висообразовните институции во нашиот источен сосед.

Кандидат-студентите беа информирани дека за нивно олеснување ќе бидат организирани подготвителни курсеви и часови за приемниот испит.

Преседателот на МБП- Скопје Столе Велков, беше поканет од страна на амбасадата, да ги презентира можностите за помош што здружението ги нуди кон студентите, воедно и од лично искуство како поранешен студент на Софискиот универзитет, ги споделуваше личните искуства . Ова беше првата средба од ваков вид. Наредната ќе е на краjот на март месец, во просториите на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

You May Also Like