Почина еден од архитектите на мировниот процес во Северна Ирска

Актуелни и поранешни политичари од светот го изразија своето сочувство поради смртта на поранешниот началник на Штабот на ИРА кој стана клучна фигура во Северна Ирска во рамките на мировниот процес воспоставен во 1998 година со „ Договорот од Велики петок”.

Мартин Мекгинис, поранешен командант на Ирската републиканска армија и висок партиски функционер на Шин Фејн, политички лидер кој помогна во преговорите за мир во Северна Ирска по децении на насилство, и стана висок функционер во владата на Северна Ирска, партиципирајќи во поделбата на власта меѓу републиканците и лојалистите, почина во вторникот во Дери. Имаше 66 години.

Во изјавата на Шин Фејн, е соопштено дека починал по кратко боледување. Тој поднесе оставка од владата во Белфаст во јануари. Во родниот Дери, илјадници од републиканските делови на градот се собраа да му изразат почит и да ги пренесат посмртните останки на човекот кој сигурно ќе остане долго во ирската колективна меморија. Во четврток, кога телото на Мекгинис за последен пат ќе го напушти неговиот дом, во Даблин, знамето на Ирска ќе биде спуштено на половина копје.

Неговиот пат на тврдокорен републиканец започнува на улиците на Дери, во 1972 година, кога се случува трагичната „Крвава Недела” кога припадници на британската војска од составот на 1-батаљон на падобранската регимента, пукаат во невооружените демонстранти, припадници на Движењето за граѓански права, и убиваат 14 од нив.

Подоцна, во неколку наврати против него се покренувани обвиненија и во Република Ирска и во Обединетото Кралство поради сомневање за поседување експлозив, оружје и членување во ИРА. После штрајкот со глад на Боби Сандс и останатите политички затвореници, чиј статус го промени владата на Маргарет Тачер, Мекгинис станува активен во Шин Фејн, политичкото крило на ИРА.

Постепено ја менува својата перцепција за начинот по кој треба да се реализира унификацијата на Ирска и дава предност на политичкиот дијалог. Конечно после неколку години преговори, со посредство на тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, и владите во Даблин и Лондон, е договорија  поделбата  на власта во Северна Ирска и Мекгинис станува „заменик прв министер” во Северна Ирска.

Избиран е како член на парламентот на Обединетото Кралство во 2001, 2005 и во 2010 година. Поранешниот британски премиер Тони Блер, позитивно ја истакнува улогата на Мартин Мекгинис во подготвителниот дијалог кој подоцна ќе прерасне во „Договорот од Велики петок”.

 

Во име на МБП, телеграма со сочувство до семејството на Мартин Мегкинис, упати Петар Колев, претседател на здружението Македонско-Бугарско пријателство.

Поврзани вести