МБП учествуваше во проектот „Граѓаните за демократски реформи“

Здружение за Македонско – Бугарско Пријателство – Кавадарци учествуваше на:

ПОВИК ЗА ОБУКА – дел од проектот  „Граѓаните за демократски реформи“ со покана од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во соработка со НВО Инфоцентарот и ЗГ „8ми септември“.

Овој проект е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

На обуката на учесниците покрај тоа што им беа презентирани заклучоците од претходно оддржаните работилници,имаа можност и посуштински да се запознаат со следниве теми:

  1. Каква е улогата на меѓународната заедница во политичката криза во Македонија?
  2. Како моменталната политичка ситуација ќе влијае на пристапувањето на Македонија во ЕУ?
  3. Какви се можностите за вклучување на граѓанските организации во целиот процес?

Целта на оваа обука е да се прошири знаењето на граѓаните за механизмите на проширувањето и нивните можности да функционираат како алатка за демократизација, со што ќе се зголеми нивниот капацитет за вклучување во целиот процес.

 

You May Also Like