МБП присуствуваше на панихида за Константин Каварналиев

Делегација на Здружението Македонско-Бугарско пријателство денеска во Дојран присуствуваше на осветувањето на спомен плочата посветена на Константин Каварналиев, полковник на бугарската армија, кој загинал во текот на Втората Балканска Војна, оневозможувајќи ја грчката армија да напредува понатаму кон внатрешноста на Македонија и одтука кон Бугарија.

Историјата забележува дека Каварналиев командувал со само два полка од околу 3000 луѓе, грчката армија во битката употребила 42000 војници. Сепак, нивното напредување било спречено, а на бојното поле изгубиле околу 10000 војници.

Инаку, на местото на кое денеска беше осветена плочата во знак на сеќавање на тие херојски и пожртвувани настани, до 1966год. постоел споменик подигнат во 1916 год., кој е уништен од тогашните власти.

На настанот, присуствуваа и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, генералниот конзул на Р. Бугарија, г. Теодор Русинов, военото аташе, полк. Илијан Крастев, европратеникот Ангел Џамбаски, како и граѓани од Дојран и околните места.

Да напоменеме дека спомен-плочата е подарок од нашите пријатели од БККС кои беа и коорганизатори на настанот.

Поврзани вести