МБП на покана на амбасадорот Иван Петков оствари пријателска средба

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство  денес , 07.06.2016 год. по покана на амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија г-дин Иван Петков оствари пријателска средба.

На средбата покрај  амбасадорот Иван Петков  присутни беа, првиот секретар на амбасадата,  г-дин Ивајло Кашканов, културно аташе г-ѓа  Антониа Велева, претседателката г-ѓа Маринела Петреска и г-дин Петар Колев.

Во пријателската атмосфера беше укажана  поддршката од страна на амбасадата во реализирањето на проектите на здружението за Македонско-Бугарско пријателство во иднина.

Од страна на здружението беа презентирани сегашните и идни проекти, а двете страни се согласија за почести средби во иднина и подобра комуникација.

Поврзани вести