Претставници на МБП положија цвеќе по повод Охридско- Дебарското востание

Денес на 12.09.2016 год. по повод ослободувањето на градот Охрид од српската окупација, раководството на здружението на МБП-Охрид како и раководството на здружението на МБП-Кичево, положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите од српскиот окупатор во с.Велгошти, Охридско. Поради политички и идеолошки причини ова востание, Охридско- Дебарското, било забрането и осудено да биде заборавено.

Историјата вели: По завршувањето на Втората балканска војна и потпишувањето на Букурешкиот мировен договор 1913 год. Македонија е територијално поделена помеѓу Србија и Грција. На 21 август 1913 година, ЦК на ВМОРО донесува одлука да се обнови курирската мрежа и обнови борбата против окупаторите односно да се подготват за востание.

Задачите за подготовка на востанието се доделуваат на Петар Чаулев, Павел Христов и други дејци во овие области. Тие влегуваат во врска и со албански револуционери за сојуз во борбата против новиот непријател. Донесена е одлука востанието да се дигне на почетокот на месец октомври 1913 година.

По непредвидени околности, Охридско-Дебарското востание избувнува месец  дена порано. На 7-ми септември,  четата на Селим-ага крај Пешколија, влегува во откриена борба со српската војска,  во која се креваат сите околни села во Дебарско. На 9 септември е ослободен  градот Дебар, од четите на ВМОРО како и од албански чети.

На 12 септември четите на Петар Чаулев и Павле Христов, свечено влегуваат во Охрид. Организаторите на востанието решаваат прво да го ослободат градот Кичево, а потоа да се насочат кон Битола. На 17 септември, Петар Чаулев ги разбива српските сили крај Кичево и влегува во градот.

На 18 септември, Србите почнуваат офанзива на сите фронтови, а се поддржани и од грчки војници. Откако го задушуваат востанието, почнуваат со масовни репресии и ѕверства. Стотици села се избришани од лицето на земјата, а жителите кои не избегале биле убиени. По различни патишта, повеќе од 30. 000 жители од Македонија успеваат да побегнат во Бугарија.

 

Поврзани вести